ECDL Форум ECDL Светски форум Букурешт

RTS Srbija ECDL Evropski standrad RTS Srbija ECDL Evropski standrad

ECDL Сертификати

ECDL BASE СЕРТИФИКАТ

ЕЦДЛ Старт - компјутерски сертификатECDL Profile certificate - "Base" го покажува основното ниво на дигитална писменост на поединецот. Се состои од 4 модули Основи на користење на компјутер, Основи на користење на интернет, Обработка на текст и Табеларни калкулации. Овие 4 области ги покриваат знаењата и вештините што секој поединец треба да ги поседува денес. Овој сертификат ја има истата вредност како и претходно користеното име ECDL Start.

ECDL STANDARD СЕРТИФИКАТ

ЕЦДЛ Core - компјутерски сертификат

ECDL Profile certificate - "Standard" ги  вклучува  4 Base модули + Презентации и Користење на бази на податоци. Овој сертификат ја има истата вредност како и претходно користеното име ECDL Core.

.

ECDL PROFILE СЕРТИФИКАТ

ЕЦДЛ Профил - компјутерски сертификат

ECDL Profile ги потврдува дигиталните вештини во согласност со образованието и професионалната ориентација на носителот на сертификатот. ECDL Profile сертификатот е флексибилен, така што на поединците и компаниите им нуди да го креираат  својот профил на дигитални вештини што одговара на потребите и интересите. Европската рамка за дигитални компетенции DIGCOMP препознава неколку различни форми  ECDL Profile сертификат. На сертификатот се наведени  сите ECDL модули кои ги поминал сопственикот на сертификатот, без разлика дали е еден или повеќе, вклучувајќи и напреден модул. Секој новостекнат модул се додава и се издава сосема нов ECDL Profile сертификат.

ОВЛАСТЕН  ECDL ИСПИТУВАЧ

ecdl ispituvac - компјутерски сертификатГарантира дека лицето кое го положило овој сертификат е компетентен за спроведување на тестирањата, во овластен тест центар, за тестирање на кандидатите за ECDL сертификати.

ECDL ADVANCED СЕРТИФИКАТ

ECDL advanced - компјутерски сертификатНапредното ниво ги вклучува следните модули:
AM3 - Напредна обработка на текст
AM4 - Напредни табеларни пресметки.
AM5 - База на податоци - напредно ниво
AM6 - Презентации - напредно ниво
Сертификатот се издава за секое ниво поединечно.
ECDL Advanced сертификат гарантира дека сопственикот на овој сертификат поефикасно работи во однос  на основно ниво и е во можност да ги искористи сите предности на апликациите на кои се однесува сертификатот.

ECDL EXPERT СЕРТИФИКАТ

ECDL expert - компјутерски сертификатECDL Expert сертификатот гарантира дека кандидатот успешно ги положил сите 4 Advanced модули и е способен целосно  да ги реализира сите можности кои ги имаат апликациите опфатени од оваа програма.

ECDL ADVANCED ИСПИТУВАЧ

ecdl advanced ispituvac - компјутерски сертификатГарантира дека сопственикот на овој сертификат е компетентен за спроведување на тестирања, во овластен тест центар, на кандидати за стекнување на ECDL Аdvanced сертификат.

Претседателот на Европската Комисија истакна ECDL
José Manuel Barroso José Manuel Barroso со јубилеен ECDL индекс
Neelie Kroes - Потпретседателот на Европската комисија препорачува
Neelie Kroes ECDL за Дигитална Агенда на Европа Neelie Kroes ECDL за Европска Голема Коалиција за Дигитални Работи
ЕЦДЛ за Карпош
Стевчо ЈакимовскиСтевче Јакимовски градоначалник на Општина Карпош
Аплицирајте за ECDL европските фондови