ECDL Форум ECDL Светски форум Букурешт

Администрацијата за Донација на Европската Унија: ,,ЕЦДЛ – ЗА ДИГИТАЛНА ЦРНА ГОРА’’

Дигитална Црна ГораВладата на Црна Гора во Подгорица добила донација од делегацијата на ЕУ за ЕЦДЛ обуки на 3500 службеници. Корисници на донацијата се Министерство за правда, образование и информатичко опшество.

Проектот ’’ЕЦДЛ - ЗА ДИГИТАЛНА ЦРНА ГОРА’’ со вкупна вредност од 780.000 евра се реализира во рамките на ИПА програмата 2011 на иницијатива на Министерството за информатичко општество и телекомуникации и Министерството за образование. Партнери во процесот на имплементација се ЕЦДЛ Фондација и Регионалната ЕЦДЛ канцеларија со ЕЦДЛ Тест центри на територија на Црна Гора.

На службениците им е обезбедена обука и сертификати за следните модули:
- Основи на компјутери
- Обработка на текст
- Табеларни калкулации
- Интернет и комуникации

Во рамка на овој проект и Администрацијата за кадровски прашања во Владата на Црна Гора добиле статус на овластен ЕЦДЛ Тест центар.

,,Овој проект ќе даде силен инпулс за развој на информатичкото општество во Црна Гора и зголемување на нивото на дигиталната писменост. Растот на употребата на модерната технологија е во директна врска со растот на економијата, а знаењето е едно од најголемите ресурси на една земја, затоа Министерството за информатичко општество ќе ги продолжи своите активности на сите полиња како би ги реализирале зацртаните цели до завршување на 2016 год. Со ова би постигнале изедначување со Европските стандарди ’’ - истакна помошникот министер за информатичко општество и телекомуникации, Радуле Новович.

,,Низ ЕЦДЛ обуката на вработените во училиштата, дигиталнта писменост ќе се прошири на целокупниот систем затоа што само на таков начин можеме да бидеме спремни за иднината. Покрај 2000 вработени во образованието и добар дел на вработени во државната администрација ќе ја поминат ЕЦДЛ обуката со што силно ке се унапредат нивните работни капацитети’’ - истакна помошникот министер за образование, Мубера Курпејович.

’’По завршување на 2014 год. кога ќе бидат реализирани сите планирани обуки и тестирања, Црна Гора ќе се ’’per capita’’ изедначи со состојбата во Словенија и Хрватска, односно ке ја задржи лидерската позиција во своето непосредно опкружување’’ заклучи директорот на Регионалната ЕЦДЛ канцеларија, Џорџе Дукич на конференцијата за печатот во прес центарот во Владата на Црна Гора.


Претседателот на Европската Комисија истакна ECDL
José Manuel Barroso José Manuel Barroso со јубилеен ECDL индекс
Neelie Kroes - Потпретседателот на Европската комисија препорачува
Neelie Kroes ECDL за Дигитална Агенда на Европа Neelie Kroes ECDL за Европска Голема Коалиција за Дигитални Работи
ЕЦДЛ за Карпош
Стевчо ЈакимовскиСтевче Јакимовски градоначалник на Општина Карпош
конкуриратје за ЕЦДЛ кај европските фондови