ECDL Форум ECDL Светски форум Букурешт

RTS Srbija ECDL Evropski standrad RTS Srbija ECDL Evropski standrad

За ECDL фондацијата

ECDL Фондацијата е глобално управувачко тело овластено за издавање на ECDL licenci, водечки светски сертификат и сертифициран програм за креирање на корисници на персонални компјутери. Квалитетот и угледот на ECDL програмата произлегуваат од повеќегодишно искуство во давање на услуги во областа на ICT сертифицирани програми за преку 15 милиони кандидати ширум светот.

Глобалниот успех произлегува од постојаниот развој на програмски содржини, како и посветеност и обезбедување на сигурни методи за тестирања дизајнирани со високи квалететни стандарди.

ECDL Фондацијата е непрофитна организација. Во работата на ECDL Фондацијата учествуваат голем број на представници на национални информатички здруженија, како и професионални меѓународни ICT организации од целиот свет.

Седиштето на ECDL Фондацијата се наоѓа во Даблин, а представништвата се основани во Брисел и Сингапур. Ширум целиот свет се именовани национални носители на лиценца кој се надлежни за спроведување на ECDL стандарди на локално ниво. Ваков начин на дистрибуција на ECDL  сертифицираната  програма е обезбедена конзистентност на имплеметација на програмата ширум светот.

За повеќе информации можете да погледнете на официјалната веб страна www.ecdl.org

Мисија

Мисијата на ECDL Фондацијата е да овозможи стекнување на вештини при користење на информациони технологии на поединци, организации и фирми при развој, промоција и достапност на квалитетни сертифицирани програми.

Визијата на ECDL Фондацијата е:

  1. Заедничка одговорност: постојано тежнеење во усовршување на дигитални вештини во сите заеднички свери. Сертифицираните програми се достапни на сите граѓани, без обзир на полот, старосната, статусната, расната или сексуалната припадност.
  2. Независноста од Vendora: Сертифицираните програми на кандидатите им овозможуваат стекнување на компјутерски вештини во сите софтверски вештини и  во сите софтверски опкружувања со кои се сретнуваат во секојдневната работа.
  3. Квалитет: Непрекинато усовршување во се, по сите признати светски стандарди.

Улогата на ECDL-Фондација, како глобално управувачко тело е:

  1. Дефинирање на стандарди: ECDL Фондацијата утврдува и одржува доверба за своите сертифицирани  програми.
  2. Лиценцирање и управување: ECDL  Фондацијата врши избор на национални носители на  ECDL лиценци ширум светот и дефинирање процедури за имплементација на програмата на локано ниво.
  3. Развој на програма: ECDL Фондацијата соработува со голем број на стручни лица ширум светот со цел за непрекинато усовршување на постоечките и развој на информациските технологии.
  4. Маркетинг и промоции: ECDL Фондацијата промовира развој и усовршување на дигитални вештини на светско ниво и овозможува маркетиншка поддршка на национални носители на лиценци.
  5. Brand Management: ECDL Фондацијата го штити интегритетот на ECDL / ICDL брендови и заштитни симболи на светско ниво.
  6. Глобален развој: ECDL Фондацијата е проактивна во освојување на нови пазари низ стратешки партнерства со интернационални организации, национални носители на лиценци и Тест центри.
  7. Поддршка на национални носители на лиценци: ECDL Фондацијата представува спој помеѓу голем број на професионални информатички здруженија, кој се и воедно национални носители на лиценци, и како такви се олеснува комуникацијата, се подобрува соработката, размената на искуства, добра пракса со цел да се донесе што поголем придонес и развој на ифнормациските друштва.

Стандардни квалитети

Клучен фактор за успех ECDL / ICDL сертифцираната програма е нагласеноста на константно високи стандарди за квалитет. ECDL Фондацијата врши постојана контрола на носителите на лиценци.Со програмата на ревизија обфатена е перодична контрола на работата на Националните носители на лиценца и Тест Центри со цел да се одржуваат високите стандарди за спроведување на порцесите за сертифицирање. Овој програм е во надлежност на Менаџери за безбедносните системи за квалитет, делегирани од страна на Одбор за сигурност на квалитет. Одборот за сигурност на квалитет го сочинуваат запослени во ECDL Фондацијат, неколку представници на Национални носители на лиценци, вклучувајки и представници на Управниот одбор на ECDL Фондацијата.

Системот за сигурноста на квалитет обезбеди сите внатрешни активности да се извршуваат така што ке се доведат до ефикасност и непрестајно подобрување.
ECDL Фондацијата  воспоставила систем за управување за квалитет по стандард  ISO 9001: 2000. Овој процес се користи од страна  на ECDL Fondacije, за развој и подршка на сите сертифицирани програми, потполно ефикасни со непрекинат развој и усовршување.

Претседателот на Европската Комисија истакна ECDL
José Manuel Barroso José Manuel Barroso со јубилеен ECDL индекс
Neelie Kroes - Потпретседателот на Европската комисија препорачува
Neelie Kroes ECDL за Дигитална Агенда на Европа Neelie Kroes ECDL за Европска Голема Коалиција за Дигитални Работи
ЕЦДЛ за Карпош
Стевчо ЈакимовскиСтевче Јакимовски градоначалник на Општина Карпош
Аплицирајте за ECDL европските фондови